Рускиот суд одби да го ослободи уапсениот американски новинар

Од:

Судот во Москва го отфрли барањето за ослободување на новинарот на Волстрит журнал, Еван Гершкович од истражниот затвор, уапсен поради наводна шпионажа. Судот остана на првобитната пресуда, пренесува Интерфакс.

WSJ пишува дека 31-годишниот Гершкович накратко се насмеал при влегувањето во судницата, облечен во темна маица и фармерки. Во судницата беше и американската амбасадорка во Москва, Лин Трејси.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков потврди дека САД уште еднаш побарале конзуларен пристап до Гершкович.

„Тоа сега се разгледува“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Рускиот суд ја одби жалбата на американски новинар кој е во руски затвор поради шпионажа

Русите му го продолжија притворот на американскиот новинар

Амбасадорот на САД го посети новинарот Еван Гершкович во московскиот затвор