Русите користат авганистанска дрога

Од:

Над еден милион луѓе во Русија употребуваат хероин, изјави претставникот на Федералната служба на Русија за контрола врз наркотици Виктор Иванов.

Според него, три милиони луѓе во државата земаат редовно наркотици, а пет ммилиони повремено.

– Дрога од авганистанско потекло користат 1-1,2 милиони луѓе, два милиона користат синтетичка дрога, а пет милиони марихуана. Речиси 18 милиони луѓе барем еднаш во животото пробале дрога, изјави Иванов.

Тој додаде дека се сретнал со директорот на Европскиот центар за мониторинг на наркотици и наркомани Волфганг Гец при што биле разгледани прашања за ситуацијата во Русија и држави од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски