Засенет од обвинувањата за манипулации, денеска во Русија се одржува третиот и последен ден од регионалните избори, пренесе ДПА.
Гувернери, локални парламенти и окружни совети треба да бидат избрани во повеќе од 80 региони во земјата на првите избори откако Русија ја нападна соседна Украина.
Сепак, независните набљудувачи на изборите тврдат дека речиси и да нема политичка слобода, бидејќи вистинските членови на опозицијата се исклучени од самиот почеток.
Политичарите кои отворено се спротивставија на војната во Украина беа постојано апсени во последните месеци. Како резултат на тоа, набљудувачите претпоставуваат дека партијата на Кремљ Обединета Русија ќе победи со голема разлика.
Вкупно се закажани околу 4.700 избори на различни нивоа. На гласање се повикани повеќе од 45 милиони Руси.