Руското Министерство за одбрана планира до 2017 година да постави унапреден систем за ПВО кој може да погоди цели и во вселената, изјави денеска руски официјален претставник.
– Противвоздушниот систем С-500 е во фаза на развој. Планирано е да стане оперативен од 2017 година, изјави неименуван извор од руското МО за руски медиуми.
Системот со голем дострел ќе може да уништи цели дури и ако се во вселената и ќе ја „покрива“ целата територија на Русија.
Во моментов Русија има противракетен систем С-400 триумф, кој има дострел од 400 километри. зш/14:54