Кремљ тврди дека рускиот претседател Владимир Путин наредил прекин на офанзивата во Украина во петокот, очекувајќи преговори со Владимир Зеленски, но им рекол да продолжат кога тоа не се случи.
Владиниот портпарол Дмитриј Песков изјави дека операцијата продолжила во саботата попладне откако украинското раководство одбило да преговара, пренесува Ројтерс.
„Бидејќи украинската страна ги одби преговорите, напредувањето на руските сили продолжи денеска“, додаде тој.
Песков исто така рече дека Русија очекува санкции од Западот како одговор на инвазијата и дека се преземаат мерки за да се минимизира нивното влијание врз економијата. Тогаш ќе бидат договорени „возвратни мерки“, додаде тој.
Русија во петокот објави дека предложила преговори во Минск, главниот град на Белорусија, сојузник на Москва.
Вашингтон оцени дека руската понуда не може да се смета за веродостојна.