Русија: Подготвени сме за преговори со Украина

Од:

Русија е подготвена да ги продолжи мировните преговори со Украина во Истанбул, објави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на функционер на Министерството за надворешни работи.

Немало средби лице в лице меѓу двете земји од состанокот во најголемиот град во Турција на 23 јули.

ТАСС објави дека функционерот на министерството Алексеј Полшчук изјавил дека турската страна постојано повикува на продолжување на мировните преговори.

„Рускиот тим е подготвен за тоа. Топката е во дворот на Украина“, рече тој.

Украина, сепак, ги отфрла обвинувањата на Кремљ дека е виновна за застојот во мировниот процес.

На состанокот кон крајот на јули, кој траеше само 40 минути, украинската страна предложи состанок во август меѓу нејзиниот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин.

Потоа Кремљ објави дека Путин е подготвен за таков состанок, но само ако тој биде во Москва, што Киев го отфрли.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски за операцијата „Вивалди“: Елиминиравме 10.600 Руси за една недела

ВИДЕО: Русија го нападна Киев, загина маж, повредени деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украина најавува „Армија на роботи“

ВИДЕО: Средбата беше непотребна – Лавров по разговорот со германскиот шеф на дипломатијата

(ВИДЕО) Парализа на Украина: Русите отворија нов фронт

ВИДЕО: Русија го нападна Киев со дронови, загина 14-годишно момче