Русија ослободи двајца државјани на САД, на слобода се новинарот Гершкович и маринецот Вилан

Од:

Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и Пол Вилан беа испратени надвор од границите на Русија.

Тие се дел од процесот на размена на затвореници во кој се вклучени неколку земји.

„Русија ги ослободува Гершковиќ и Вилан како дел од процесот на размена на затвореници со САД. Тие се испраќаат надвор од границите на Русија. САД и нивните сојузници ќе ги ослободат руските затвореници“, објави Блумберг.

Во средината на јули, регионалниот суд во Свердловск го осуди Гершковиќ на 16 години затвор за шпионажа.

Како што тогаш соопшти судот, Гершковиќ не ја призна вината, но доказите кои беа изведени пред судот беа доволни за пресудата.

Пол Вилан, поранешен американски маринец уапсен во Русија во 2018 година, исто така беше осуден на 16 години затвор за шпионажа.

Би можело да ве интересира

Турција: Разменети се 26 затвореници од седум земји, меѓу кои и Гершкович

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Новинарот Гершкович е слободен

Горан Наумовски

Рускиот суд ја одби жалбата на американски новинар кој е во руски затвор поради шпионажа

Русите му го продолжија притворот на американскиот новинар

Амбасадорот на САД го посети новинарот Еван Гершкович во московскиот затвор

Рускиот суд одби да го ослободи уапсениот американски новинар