Во копнената војска на Русија ќе се појават роботи кои ќе сочинуваат една третина од вкупното вооружување и воената техника, изјави помошникот командант на пружените сили, Сергеј Иванов.
„Според проценката на стручњаците, оптимално количество на копнени примероци на роботски комплекси треба да изнесува до 30 % од вкупнатото количество на воена техника“, рече Иванов.
Роботската техника како и разузнувачките комплекси, комплексите за евакуација на ранетите и за доставување муниција неодамна им беа претставени на официјалните лица на Министерството за одбрана на полигонот на една од подмосковските бригади на механизираната пешадија.