Русија обвини неколку држави дека го искористиле извештајот на ОН за човековите права во Сирија, за да ја обвинат владата на претседателот Башар ал Асад.
Во извештајот на ОН за кој што Русија смета дека е пристрасен, пишува дека силите на Асад заедно со полицијата извршиле воени злосторства како убиства и силувања, пренесе „Ројтерс“.
Но, извештајот на ОН не ги квалификува, бомбашките напади на бунтовниците како дел од тероризмот, стои во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Во него се премолчуваат и другите злосторства на џихадистите, вклучувајќи ги многуте случаи на насилство врз жените.
–Предрасудите во извештајот ги искористија неколку држави и без основа сета вина за се што се случува во Сирија и ја префрлија на власта, без да ги земат в предвид другите злосторства и кршењето на човековите права на вооружените радикални групи –се наведува во соопштението.
Руското Министерство не ги наведе имињата на тие држави, но истакна дека ја поткопуваат можноста за меѓународни мировни преговори кои САД и Русија се обидуваат да ги организираат.
Елена Георгиевска