Командантот на украинските копнени сили Олександр Пављук изјави дека Русија подготвува 100.000 војници кои би можеле да бидат искористени за евентуална нова летна офанзива во Украина.
„Тоа нема нужно да биде офанзива. Тие може да пополнат единици кои ја загубиле борбената способност, но постои можност на почетокот на летото да имаат одредени сили за спроведување офанзивни операции“, рече Пављук, а пренесува Ројтерс.