Русија, Иран и Турција изразија длабока загриженост за хуманитарната ситуација во Газа и повикаа на итен прекин на огнот, во заедничката декларација усвоена на 21-от меѓународен состанок во Астана за Сирија.
„Изразивме длабока загриженост за хуманитарната катастрофа во Газа и ја нагласивме потребата да се прекинат бруталните напади на Израел врз Палестинците и да се испрати хуманитарна помош во Газа. Повикавме на спроведување на резолуцијата на Генералното собрание на ОН од 2023 година со која се бара итен прекин на огнот и побаравме од сите страни да ги исполнуваат своите обврски според меѓународното право“, се наведува во декларацијата, пренесе ТАСС.
Страните посочија и дека ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт има негативно влијание врз ситуацијата во Сирија.
„Ја истакнавме важноста да се спречи ширењето на вооружената конфронтација и да се спречи вклучувањето на другите земји од регионот во него“, соопштија трите држави.