Плановите на западните држави за интервенција во Сирија и пркосат на Повелбата на ОН – изјави денес заменик шефот на руската дипломатија Генадиј Гатилов.
Тој му порача на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун дека воениот напад врз Сирија претставува прекршување на Повелбата на ОН и другите норми на меѓународното право.
Во овој момент треба да се искористат сите можни политичко-дипломатски инструменти, пред се да им се обезбеди на експерти на ОН, до крај да ја спроведат истрагата за наводните хемиски напади и своите заклучоци да ги изнесат пред ОН, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.
Наводниот напад со хемиско оружје во близина на Дамаск, во кој загинаа повеќе лица, ја зајакна поделбата помеѓу Русија и Запад околу сирискиот судир.
Западните држави за напад го обвинија сирискиот режим, додека Русија смета дека бунтовниците го употребиле забранетото оружје со цел да ја дискредитираат владата во Дамаск.
Елена Георгиевска