Русија и Украина разменија воени заробеници неколку часа пред новата 2023 година

Од:

Русија и Украина разменија воени заробеници неколку часа пред новата 2023 година, објавија во саботата канцеларијата на украинскиот претседател и државната новинска агенција од Москва.

Шефот на канцеларијата на украинскиот претседател во Киев, Андриј Јермак изјави дека 140 украински војници се вратиле дома, во изјава објавена на Телеграм.

82 нејзини војници се вратени во Русија, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС. Детали за времето и местото на размената на воените заробеници не се објавени.

-Руските војници кои беа разменети, а повеќето од нив беа ранети, веднаш беа пренесени во Москва за понатамошна медицинска помош, пренесува ТАСС. Меѓу разменетите Украинци има осум жени, рече Јермак.

Помеѓу разменетите Украинци има и ранети и борци од пристанишниот град Мариупол, кој падна во рацете на Русија по долгиот истраен отпор на локалните борци.

Би можело да ве интересира

Разменети 200 руски и украински затвореници со посредство на Емиратите

Русија и Украина ослободија по 195 воени заробеници

ОН стравува поради можни судења на украински воени заробеници