Русија и Украина ослободија по 195 воени заробеници

Од:

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека од територијата под контрола на Киев се вратени 195 војници кои биле во заробеништво и во животна опасност, додека Русија во Украина префрлила 195 воени заробеници, припадници на вооружените сили на Украина.

Ослободениот руски воен персонал ќе биде префрлен во Москва на лекување и рехабилитација со воено транспортни авиони на руските воздушни сили, пренесува РИА.

На сите руски војници ослободени од украинско заробеништво ќе им биде укажана потребната медицинска и психолошка помош, додаде руското Министерство.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски