Руските сили ги прекинуваат нападите за да бидат овозможени хуманитарни коридори од Мариупол и од Волновах објави Министерството за одбрана на Русија, а пренесува Интерфакс.
Русија и Украина во четвртокот се усогласија дека се неопходни хуманитарни коридори и прекин на огнот за нивно спроведување.
Мариупол е стратешки град на истокот на Украина, по опсада е веќе неколку дена и трпи „немилосрдни“ напади од руските сили објави утрово градноачалникот Вадим Боиченко.