Русија ги осуди европските земји за блокадата на летот на Моралес

Од:

Русија денеска остро ги осуди Франција, Шпанија и Португалија поради блокадата на летот на боливискиот претседател Ево Моралес од Москва за Ла Паз.

Авионот на Моралес вчера мораше принудно да слета во Виена поради сомнеж дека во него се наоѓа американецот Едвард Сноуден.

– Акцијата на француските, шпанските или португалските власти тешко може да се смета како пријателски чин кон Боливија или Русија, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Претседателот на било која држава е личност што ужива меѓународна заштита, истакна министерството.

Русија во Обединетите нации ќе побара строго почитување на меѓународното право, што гарантира неповредливост на претседателските права и забранува нарушување на нивната личност, слобода и достоинство, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Авионот на боливискиот претседател Моралес се врати синоќа во Боливија по непланираното 14-часовно задржување во Виена.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот