Русија, Германија и Полска се изјаснија за прекин на насилството и почнување дијалог во Украина

Од:

Русија, Германија и Полска се уверени дека е неопходен прекин на насилствата во Украина и почнување дијалог, рече шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по трилатералниот состанок со својот германски и полски колега, Франк Валтер Штајнмаер и Радослав Сикорски во Санкт Петербург.

-Посветивме многу од времето на разговорот за украинската криза. Уверени сме дека, и покрај различните интерпретации на настаните, неопходно е да се фокусираме на прекинот на насилството и почнување на дијалогот со учество на сите (украински) региони, истакна Лавров, а пренесе ИТАР-ТАСС.

Министерот за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнмаер изјави дека видел дека „постоји подготвеност кај сите страни“ за завршување на кризата во Украина.

Сикорски, пак, изјави дека Русија може да помогне во смирувањето на ситуацијата, спречувајќи екстремистите и оружјето да преминат во источна Украина, каде проруските сили се борат против владините сили.

Сикорски рече дека ветувањето на Владимир Путин дека ги почитува резултатите од претседателските избори во Украина претставуваат чекор во вистински правец и дека членството на Украина во НАТО, на што Русија се противи, „не е на дневниот ред“, наведуваат британските медиуми.

Лавров, исто така, кажа дека се надева дека предлозите на украинскиот претседател Петро Порошенко за отворање хуманитарни коридори во Украина ќе бидат поддржани со вистинско делување.

Порошенко претходно денеска нареди отворање на хуманитарни коридори за цивилите да може да ги напуштат областите на истокот од Украина каде се во тек воени операции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми