Русија бара замена за Анан

Од:

Русија денеска побара од големите сили итно да најдат замена за специјалниот пратеник за Сирија, Кофи Анан, кој си поднесе оставка со образложение дека немал доволно меѓународна подршка за мировните напори.

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека присуството на Обединетите Нации во Сирија е клучно за наоѓањето мирно решение на кризата во таа земја.

Во меѓувреме, руски воени бродови се движеле кон Сирија, јавија руските агенции. Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг изјави дека Лондон ќе ја засили подршката за бунтовниците во Сирија. Иран, пак го обвини Западот за пропаѓањето на мисијата на Кофи Анан.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад