Русија денеска побара од властите во Естонија, Летонија и во Литванија да преземат мерки за заштита на руските амбасади откако руски дипломат бил нападнат вo Вилнус објави руската агнеција РИА.
„ Ги предупредуваме Вилнус, Рига и Талин дека се одговорни за последиците од антируската психоза која ја иницраа“ – порачуваат од руското минситерство за надворешни работи.
Според Министерството, покрај физичкиот напад на рускиот дипломат, имало и „обиди за притисок на амбасадори“.
Портпаролот на литванската полиција изјави дека никакви инциденти поврзани со вработени во руската амбасада не биле пријавени ниту во петокот ниту денеска.