Рубио: Некои приоритети ќе бидат заменети, некои практики прекинати

Од:

Во својата прва порака до американскиот дипломатски кор, државниот секретар Марко Рубио вети дека ќе го обнови одделот како примарна агенција што ја води американската надворешна политика, но предупреди дека за постигнување на оваа цел ќе бидат потребни промени.

„Одредени приоритети ќе бидат заменети, одредени прашања ќе бидат отстранети, а некои практики ќе бидат целосно прекинати“, рече Рубио во писмото што го виде NBC News.

Тој во писмото наведува дека новиот американски претседател Доналд Трамп „е избран со јасен мандат да спроведе широки промени, во надворешните работи не помалку отколку во внатрешните работи“.

Меѓу тие приоритети, рече Рубио, ќе биде „обезбедување на американските граници, запирање на илегалната и дестабилизирачка миграција и преговори за репатријација на илегалните имигранти“.

„Масовната миграција е едно од најважните прашања на нашето време. Ерата на масовна миграција мора да заврши“, вели Рубио.

Тој, исто така, рече дека Стејт департментот, „иако не ги игнорира заканите за природната средина“, ќе даде приоритет на енергетската доминација пред климатската политика, за која рече дека ја „ослабела Америка“ во изминатите две децении.

Би можело да ве интересира

Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови

А1он

Рубио: Разговаравме за територијални отстапки за Украина

Рубио: Ветувачки е предлогот на Украина за делумно примирје во војната со Русија

А1он

Рубио: Зеленски должи извинување за начинот на кој помина средбата со Трамп

А1он

Рубио: САД не ги сфаќаат сериозно предлозите за обезбедување нуклеарно оружје на Украина

А1он

Рубио ги објави условите за крај на војната во Украина