Приврзаниците на федерализацијата на Украина во нејзиниот југоисточен дел успеаја да ја повратат контролата врз Славјанск, Краматорск, Константиновка и Андреевка, соопшти телевизијата “Россија-24”.
Како што јавува ИТАР-ТАСС, како резултат на настапувањето на незадоволниот народ украинските војници биле принудени да се повлечат во правец на аеродромот во Краматорск.
Претходно денеска прес службата на украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека украинските војници продолжуваат со нападот врз Славјанск, каде го преземале локалниот телевизиски центар.