Романското воено обвинителство започна истрага за насилството врз демонстрантите

Од:

Романското воено обвинителство денеска соопшти дека започнало истрага во врска со насилството врз демонстрантите, кои учествуваа во протестниот марш во петокот во Букурешт со барање за оставка на владата, за време на кој беа повредени над 450 лица.

Досега добивме околу триесетина жалби и моите колеги ги испрашуваат повредените, изјави обвинителот Јонел Чорбу.

Обвинителството, кое веќе побара од жандармеријата да и предаде документи за нејзината интервенција за време на демонстрациите, вети дека ќе ги сослуша „сите, кои е можно да дејствувале спротивно на законот”.

Обвинителите, исто така, ќе ги анализираат видео снимките направени од страна на полицијата, медиумите и демонстрантите.

Речиси 80.000 Романци излегоа на улиците во Букурешт во петокот за да побараат оставка од владата, обвинета за „корупција”.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски