Романските таксисти протестираат против компанијата за такси услуги „Убер“

Од:

Романските таксисти и возачите на други превозни средства, кои влегуваат во Конфедерацијата на овластени оператори и превозници во Романија (ЦОТАР) започнаа денеска дводневни протести против „пиратеријата на пазарот на превозници“ на плоштадот „Викторија“ во Букурешт, пред зградата на романската Влада, јави ТАСС.

Таксистите протестираат против користењето на онлајн услугите на приватниот патнички превозник „Убер“ и против превозниците кои не се регистрирани во согласност со романскиот закон.

На плоштадот во моментов се наоѓаат околу 500 такси-возила, а демонстрантите свират со сирените и скандираат пароли.

„Сакаме да се забранат сите онлајн платформи за обезбедување на транспортни услуги без дозвола, како што е случај во европските земји, каде државата ги брани официјално регистираните превозници“, стои во соопштението на ЦОТАР.

Конфедерацијата исто така, настојува да им бидат одземени дозволите на општинските власти за воведување на јавен превоз во правци, што биле дадени на аукција и добиени од приватните превозници.

Организаторите очекуваат во протестот да учествуваат околу 6.000 возила.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски