Романските полицајци протестираат за поголеми плати

Од:

Романските полицајци утринава излегоа на протест пред зградата на Министерството за внатрешни работи со барањето за повисоки плати, информира весникот „Романиа либера“.

Меѓу барањата на демонстрантите е и намалување на големите разлики во платите на агентите и офицерите, дополни весникот.

Демонстрантите носат транспаренти со натписите „Ние сме затвореници на вашата некомпетентност“ и „Обединети ќе бидеме посилни“.

Од националниот синдикат на полицајци очекуваат во протестот да се вклучат околу 2.000 нивни колеги од Букурешт и другите окрузи во Романија.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски