Романските даночни власти на аукција го продаваат автомобилот на Чаушеску

Од:

Романските даночни власти соопштија дека на аукција ќе го продадат автомобилот кој му припаѓал на починатиот комунистички лидер Николае Чаушеску.

Националната агенција за даночна администрација денеска соопшти дека возилото АРО од 1977 година ќе биде продадено на аукција на 31 јануари. Почетната цена е 137.500 леи (34.000 долари). Возилото е изработена специјално за него од сега непостоечката фабрика АРО и има поминати 72 000 километри.

Автомобилот беше конфискуван од бизнисменот Овидиу Тендер, кој во моментов отслужува 12-годишна затворска казна за измама и перење пари.

Поранешниот комунистички лидер Николае Чаушеску беше соборен од власт и егзекутиран за време на бунт во 1989 година.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски