Членовите на Националниот извршен комитет на владеачката Социјлдемократска партија денеска едногласно го исклучија премиерот Сорин Гриндаену од нивните партиски редови, пренесе Аџерпрес, повикувајќи се на партиски извори.
СДП и нејзиниот помал коалициски партнер Алијансата на либерали и демократи (АЛДЕ) вчера ја повлекоа политичката поддршка за Владата на Гриндеану, но премиерот одби да поднесе оставка.
Сите министри од владата ги депонираа своите оставки.
Извори од СДП, исто така, изјавија дека Националниот извршен комитет на партијата едногласно се изјаснил и за поднесување барање недоверба на владата.