Романскиот Парламент и изгласа недовреба на Владата на Гриндеану

Од:

Романскиот Парламент денеска и изгласа недовреба на Владата на премиерот Сорин Гриндеану, јави агенцијата Аџерпрес.

Иницијативата за изгласување недоверба на Владата ја поддржаа 241 пратеници од редовите на владејачката коалиција, а 10 беа против. За усвојување на иницијативата беа потребни најмалку 233 гласа.

Пратениците на најголемата опозицикса сила во Романија, Националната либерална партија (ПНЛ) не учествуваа во гласањето иако беа присутни во салата, додека претставниците на некои од помалите опозициски партии воопшто не ни присуствуваа на седницата.

Ова е првпат во парламентраната историја на Романија, пратениците од владиното мнозинство да гласаат за недоверба на сопствената влада.

По изгласувањето на недовербата, Гриндеану изјави дека го инфромирал шефот на државата Клаус Јоханис за одлуката на Парламентот и повика на зачувување на единството на владејачката Социјалдемократска партија (ПСД).

– ПСД не го претставува ниту (партискиот лидер) Ливиу Драгнеа, ниту Сорин Гриндеану. Партијата мора да остане единствена, изјави Гриндеану.

Тој нагалси оти се надева дека денешната одлука на Парламентот „нема да биде голема грешка“ и дека ПСД ќе одбере нов кандидат за премиер.

– Многу е важно да излеземе од овој ќорсокак, рече Гриндеану.

Изгалсувањето недовреба на Владата следуваше откако мнозинството од членовите на владејачката ПСД изразија незадоволство од нејизната работа.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски