Романскиот парламент денеска со 275 гласа „за“ и 102 „против’ го изгласа составот и програмата на новата влада на земјата.
За изборна новата влада беа потребни најмалку 233 гласа.
Во поддршка на новиот кабинет гласаа Социјалдемократската партија и Алијансата на либералите и демократите, како и Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија и претставници на националните малцинства.
Претставниците на опозициската Национал-либерална партија, на Сојузот за спасение на Романија и на партија „Народно движење” дел гласаа „против”, а дел беа отсутни од салата.
Во новиот романски кабинет, освен премиерот има 27 министри.