Романскиот министер за одбрана Адриан Цуцујану поднесе оставка, откако романските медиуми објавија дека војската на Романија останала без пари и оти платите за септември ќе бидат ислаќани на рати.
Претставник на романското Министерство за одбрана соопшти денеска, дека платите на вработените за овој месец ќе бидат подоцна исплатени, бидејќи не е извршена буџетска корекција.
Цуцујану наведе, дека во однос на исплаќањето на платите, не постојат финансиски проблем, туку дека станува збор за чисто технички проблем.
Тој нагласи, дека „има пари“, посочувајќи дека романскиот министер за финансии ќе ја појасни ситуацијата.