Романската Влада планира да им забрани на граѓаните да купат повеќе од еден половен автомобил на секои две години. Целта на мерката е да се запре купувањето и препродажбата на половни автомобили од другите земји членки на Европската Унија.
Забраната нема да важи за регистрирани компании, кои и понатаму ќе можат да купуваат и препродаваат половни автомобили, и ќе плаќаат данок на заработувачката. Но, мерката ќе ги спречи инвидивуалните препродавачи кои досега успевале да избегнат плаќање данок на доход.
Даночните власти на Романија утврдиле дека има граѓани кои годишно увезуваат по 10-15 автомобили.