Романската премиерка во писмо до Јункер ја оправдува употребата на сила против демонстрантите

Од:

Премиерката на Романија Виорика Данчила испрати писмо до претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во кое ја оправдува употребата на сила против демонстрантите за време на антивладините протести, кога интервенираа полициски сили, а беа повредени повеќе од 450 луѓе.

Таа тврди дека други политичари, вклучително и претседател Клаус Јоанис, се обидуваат „насилно да ја отстранат легитимната влада”.

Нејзиниот прв коментар за протестите уследи откако портпаролот на ЕУ, Кристијан Шпар вчера рече дека „мирните протести завршиле со насилство и дека насилството никогаш не може да биде решение во политиката”.

Данчила во писмото до Јункер вели дека демонстрантите се обиделе да го пробијат полицискиот кордон околу владините канцеларии, а полицијата, во согласност со законот, да одговори на насилството.

Романската специјална полиција се соочува со обвинувања за пречекорување на овластувањата на мирните протести на 10 август.

Повеќе од 200 кривични пријави се поднесени против полицијата, а романската премиерка вели дека властите ги испитуваат овие наводи.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски