Романската премиерка Данчила нема намера да поднесе оставка

Од:

Романската премиерка Виорика Данчила изјави дека нема намера да поднесе оставка.

– Категорично не. Не гледам никакви причини зошто да поднесам оставка, имам поддршка од владејачката коалиција и за овие три месеци, според мое мислење, имав добри резултати, рече Данчила синоќа во интервју за телевизискиот канал „ТВ Романија“.

Таа додаде дека „романскиот претседател нема моќ да го разреши премиерот“.

– Можеби на претседателот не му се допаѓа Виорика Данчила, но мора да има службени односи помеѓу Владата и претседателот. Тој треба да размисли и да го преиспита својот пристап, рече премиерката, потенцирајќи дека ја има поддршката од владејачката коалиција.

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис вчера побара од премиерката Виорика Данчила да поднесе оставка, оценувајќи дека не е способна да ја води романската Влада.

Според локалните медиуми, Јоханис истакнал дека Данчила „не е дорасната за функцијата романски премиер“, три месеци откако стана прва жена на чело на Владата на Романија.

Тој смета дека Данчила „повеќе сака да спроведува партиски наредби“ и да ја претставува слабата точка на Романија, наведувајќи дека не информирала за едностраниот предлог на Владата да ја пресели романската амбасада во Ерусалим.

Во Романија, претседателот е надлежен за надворешната политика на земјата и, според неговите надлежности, тој носи конечна одлука за Амбасадата. Тој нема овластувања да ја смени Данчила, но, се смета дека неговото барање создава притисок врз Владата, пишуваат медиумите.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски