Романската министерка за внатрешни работи Кармен Дан соопшти дека во својот дом открила прислушен уред, објави весникот „Адеварул“.
Обвинителството отворило истрага да утврди кој ја прислушкува министерката за внатрешни работи.
Уредот бил скриен во приклучокот за телефон и бил поврзан на електричното напојување на станот.