Повеќе од илјада Романците, кои живеат во странство денеска протестираат против левичарски Влада во Букурешт барајќи оставка и распишување на предвремени избори.
Демонстрантите се судрија со полицијата кога се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред зградата на Владата, при што се уапени најмалку две лица.
Припадниците на романската дијаспора кои пристигнаа во Букурешт од повеќе европски држави за да присуствуваат на демонстрациите се лути на начинот на кој се управува со Романија.
Демонстрантите носат романски и знамиња на Европска унија и извикуваат „Правда, а не корупција“.
Околу три милиони Романци живеат во странство и тврдат дека ја напуштиле земјата поради корупција, малите плати и недостиг на можности.