Државата директно ќе назначува раководства на речиси сто државни компании, одлучи романскиот Парламент.
Со новата регулатива, извршните директори на 94 компании ќе бидат назначувани без конкурс, односно без селекција. Според предлагачите на актот, тоа се прави за да се избегне бавната процедура при назначување професионален менаџмент на државните претпријатија.
Критичарите обвинуваат дека на овој начин на раководните позиции ќе бидат назначени партиски кадри, наместо независни експерти.