Романија: АЛДЕ ја повлече поддршката за владата на Гриндеану

Од:

Помалиот коалициски партнер на Социјалдемократската партија на Романија (ПСД) – Алијансата на либералите и демократите (АЛДЕ), ја повлече политичката поддршка за Владата на премиерот Сорин Гриндеану, изјави лидерот на партијта Калин Попеску Таричану.

Таричану наведе дека министрите од АЛДЕ се подготвени да поднесат оставка.

Националниот извршен комитет на социјалдемократите денеска се собра на заседание со цел да одлучи за судбината на кабинетот на Гриндеану.

Романските медиуми јавија дека лидерот на СДП Ливиу Драгнеа планира да ја турне сопствената Влада само половина година откако стапи на должност.

Медиумите тврдат дека лидерот на социјалдемократите се заканил дека ќе ја повлече политичката поддршка за Владата, бидејќи бил незадоволен од доцнењето на мерките од програмата за управувањето.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски