Млад Романец на улица во Темишвар, пронашол во ќесе 25.800 леи (речиси 5.640 евра), и ги предал в полиција, објавија романските медиуми.
Чесниот пронаоѓач е службеник во Центарот за превенција и помош на наркозависници. Тој ги нашол парите на Плоштадот на слободата и им ги предал на властите, кои успеале да го пронајдат лицето кое го изгубило ќесето.
Момчето изјавило дека ниту во еден момент не помислил да ги задржи парите за себеси.