Ројтерс: Американски војници се повредени во напад со беспилотно летало во Сирија

Од:

Неколку американски војници и членови на коалициските сили се полесно повредени во напад со беспилотно летало во петокот во Сирија, изјави неименуван американски претставник за Ројтерс.

Тој рече дека во тој напад нема сериозни повреди, а неколку војници се преместени на посебна локација за дополнителна проценка на нивната здравствена состојба.

Нападот се случил во зоната за слетување Румалин, каде што се стационирани американски војници.

Ова е втор напад врз американските сили на Блискиот Исток во последните денови, откако Иран најави одмазда за убиството на политичкиот водач на милитантната група Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран на 31 јули.

Иран го обвини Израел за неговата смрт.

Убиството на Ханије и висок воен командант на либанската група Хезболах, поддржана од Иран, Фуад Шукра, во Бејрут ја подгреа загриженоста дека конфликтот во Газа ќе се прошири во регионот.

Петмина припадници на американските сили беа повредени кога во понеделникот беа истрелани две ракети врз воздухопловната база Аин ал Асад во западен Ирак.

САД имаат 900 војници во Сирија и 2.500 во соседен Ирак, за кои велат дека се во мисија да ги советуваат и помагаат локалните сили кои се обидуваат да го спречат обновувањето на Исламската држава, која зазеде големи делови од двете земји во 2014 година, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија