Роднина на сирискиот претседател Асад осуден во Франција за перење пари

Од:

Чичко на сирискиот претседател Башар ал Асад, Рифат ал Асад, во Париз е осуден на четири години затвор за перење пари.

Рифат ал Асад (82), кој живее во егзил откако неуспешно се обиде да ја преземе власта од неговиот брат Хафез во 1984 година, е осуден за користење на сириските државни фондови за купување куќи и канцелариски вредни 90 милиони евра.

Француски суд, исто така, одлучи да му го одземе целиот имот во Франција, како и имот во вредност од 29 милиони евра во Лондон.

Помладиот брат на поранешниот сириски претседател Хафиз ал Асад негира дека сторил какви било злоупотреби, а неговите адвокати најавија дека ќе поднесат жалба.

Тој не се појави на суд поради здравствени причини, но се наоѓа во Франција, пренесува Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад