Роберт Менар им порачува на сириските бегалци дека не се довредојдени во неговиот град

Од:

Градоначалникот на Безие, Роберт Менарм избран со поддршка на Националниот Фронт (крајната десница), инаку познат како основач на невладината организација „Репотртери без граници“ за заштита на слободата на информирање, се илустрира со повеќе испади на сметка на бегалците од Сирија, но и со контраверзни одлуки на општинскиот совет. Еден од последните испади беше обраќањето до сириските бегалци, на кои им вели дека „не се добредојдени“, јавува дописникот на МИА од Париз.

Овај последен испад, предизвика протест на неговите противници пред општинската сала каде се одржуваше општинскиот совет, при што му порачаа: „Менар, Безие не ти припаѓа!“ Нив им беше попречен влезот во советот, кој вообичаено се одржува во присуство на јавноста, но затоа пак им беше дозволен пристап на приврзаниците на градоначалникот. По што настана мала турканица меѓу противниците и полицијата.

Имено на 11 септември, придружуван од вооружената општинска полиција, градоначалникот со тробојната лента на градите им се обрати на мигрантите од Сирија со зборовите: „Вие не сте добредојдени! Ако не си замините, полицијата ќе ве натера да заминете“, објаснувајќи дека од пред неколку месеци, десетина мигранти „насила влегле во социјалните станови, кршејќи врати, крадејќи струја и вода.“

Видео снимката од неговата интервенција, беше официјално дифузирана од страна на општината.

Неколку дена претходно, основачот на Репортери без граници направи фото-монтажа во општинскиот билет за да го разгори стравот од „напливот“ од бегалци.

На фотографијата се препознава вагон на макеоднски железници во кој влегуваат бегалци, на чиј прозорец пишува Безие 3865 км, на другиот „бесплатно училиште“ со насловото „Пристигнуваат!“.

Би можело да ве интересира

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ