Роберт Мугабе го прослави 91-от роденден со забава од милион долари

Од:

Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе го прослави денеска 91-от роденден со раскошна забава на која присуствувaa илјадници приврзаници на неговата владејачка партија.

Околу 20.000 луѓе се собраа во одморалиштето Викториини водопади, на целодневна пролава, на која се потрошени, според проценките, милион долари.

Приврзаниците на ЗАНУ-ПФ облечени во партиски бои со ликот на претседателот на градите, пееја и играа, додека тој не дојде на забавата одржана во луксузен хотел во познатото одморалиште.

Со поддршка на својата сопруга Грејс, опкружен со членови на семејството, претседателот пушти 91 балон во воздух.

Би можело да ве интересира

Би Би Си: „Бритиш Американ Тобако“ му платила поткуп на Мугабе

Ана Ололовска

Мугабе најави дека ќе се кандидира за претседател и во 2018 година

Емир Латифовиќ