Москва е отворена за искрен дијалог со САД заснован на меѓусебно почитување, но дали администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја искористи оваа шанса е „големо прашање“, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
„Од наша страна, ние сме отворени за искрен дијалог заснован на меѓусебно почитување и ценење на интересите, дали новата американска администрација ќе ја искористи оваа шанса е големо прашање“, рече Рјабков во интервју за „Комсомол Правда“.
Одговарајќи на прашањето дали во Соединетите Американски Држави има политички сили кои се заинтересирани за соработка со Русија, тој изјави дека практично нема „пријатели на Москва“ меѓу американската политичка класа, чии претставници ја гледаат Руската Федерација како егзистенцијална закана.