Рјабков: Поставувањето нуклеарно оружје во вселената е технички неисплатливо

Од:

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека распоредувањето нуклеарно оружје во вселената е технички непрофитабилно и дека постојните системи кои вклучуваат тријада од копнени, воздушни и морски компоненти се сосема доволни.

Рјабков рече дека, „разумните претставници на меѓународната заедница“ се свесни за неоснованите американски тврдења дека Русија наводно има намера да распореди нуклеарно оружје во вселената.

„Американците го користат ова прашање во пропагандни цели и упатуваат неосновани обвинувања за кои немаат ни најмал доказ. Ова е нивен вообичаен начин. Разумните претставници на меѓународната заедница одамна се свесни за тоа и не можат сериозно да ги третираат таквите обвинувања од страна на САД“, смета Рјабков.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе ја промени својата нуклеарна доктрина врз основа на акциите на Западот

Евентуалното нуклеарно оружје во Полска ќе биде воена цел за Русија

Русија испрати предупредување до САД

Горан Наумовски