Референдумот за независност на Доњецк на 11. мај

Од:

Референдумот за независност на регионот Доњецк ќе се одржи на 11 мај, изјави лидерот на оваа самопрогласена република во источна Украина, Денис Пушиљин.

Тој истакна дека референдумското прашање ќе гласи: „Дали го одобрувате прогласувањето на независноста на Народната Република Доњецк“.

– По референдумот ќе бидат одржани избори на кои ќе се одлучи, кој ќе го води регионот, а потоа нашата Народна Република Доњецк ќе може да почне повторно да функционира, изјави Пушиљин во седиштето на регионалната самоуправа, кое на 6 април беше заземено од проруските демонстранти.

– Ќе процениме кој договор за нашите односи со остатокот од Украина е најдобар – дали тоа е федерација, конфедерација или независност, додаде тој.

Пушиљин изјави дека одржувањето на референдумот е неизбежно и додаде дека парите за тоа се обезбедени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми