Референдумот во недела во Доњецк ќе чини 1.200 евра

Од:

Референдумот за независност на Доњецката република закажан за претстојниот викенд, ги чини организаторите само 1.200 евра, покажуваат податоците на локалните власти.

На тонер за три позајмени печатари на кои се отпечатени гласачките ливчиња за три милиони гласачи, организаторите потрошиле само 500 евра, односно 8.000 украински гривни.

Списокот на гласачи е стар две години, а резултатите ќе бидат важечки без оглед на излезноста.

Покрај тоа на гласањето не е повикан ниту еден странски набљудувач.

Прашањето на гласачките лилвчиња е:

– Дали поддржувате самоопределување на Народната република Доњецк?

Освен мал знак на сите четири агли на гласачкото ливче на црно-белата хартија нема никакви други специјални ознаки кои би требало да спречат фалсификат.

Гласачките места ќе бидат отворени од 8 до 22 часот во недела на 11 мај по што на 53 локации ширум Доњецката и Луганската област каде се организира референдум ќе биде организирано пребројување.

Кутиите потоа ќе бидат транспортирани во регионалните главни градови при што ќе мора да минат низ контролни пунктови – како на проруски така и на украинските власти. Проруските лидери кои го организираат референдумот во Доњецк не откриваат многу како ќе изгледа таа идна република, кои овластувања ќе ги има и дали ќе бара присоединување со Русија како што во средината на март тоа го сторија Крим.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми