Референдумот во Доњецк во сенка на судири

Од:

Проруските сепаратисти во Доњецк соопштија дека немаат никаква комуникација со две референдумски комисии во градот Красниј Лиман, каде според нив, локалните „сили за самоодбрана“ се судриле се украинските безбедносни сили.

– Немаме информации од градот Красниј Лиман, бидејќи комуникацијата е прекината со два територијални референдумски одбори- изјави за ИТАР-ТАСС „заменик-премиерот“ на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Денис Пушилин.

Во исто време, проблеми во спроведувањето на референдумот доаѓаат и од регионот на Луганск. Според портпаролот на прес-центарот на проруските сепаратисти во Луганск, Василиј Никитин, вооружени припадници на „некаква национална гарда ги заплашуваат луѓето и преместуваат воена опрема од една населба во друга“.

ИТАР-ТАСС информира дека одѕивот на референдумите е „извонредно висок“ и дека луѓето „стојат во долги редици пред гласачките места“ за да гласаат.

Според „Централната изборна комисија“, одѕивот на референдумите до 11 часот по московско време (девет часот по средноевропско време) бил „над 30 проценти“.

Референдумите во источноукраинските региони Доњецк и Луганск почнаа утрово во осум часот по локално време (седум часот по средноевропско време) и ќе траат до 22 часот. Референдумите се спроведуваат во 52 населени места во двата региони.

Според најавите на организаторите, по завршувањето на гласањето гласачките ливчиња ќе бидат пренесени во регионалните центри каде ќе биде извршено пребројувањето.

Право на глас имаат околу седум милиони локални жители.

На референдумот во регионот на Доњецк граѓаните треба да се изјаснат дали „поддржуваат самоуправа на Доњецката Народна Република“, додека во Луганск референдумското прашање гласи: „дали го поддржувате актот за самостојност на Луганската Народна Република“.

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика организаторите на референдумите да се откажат од нивното одржување, додека Украина, ЕУ и САД уште претходно референдумските изјаснувања ги прогласија за нелегитимни и најавија дека нема да ги признаат нивните резултати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми