Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

Од:

Референдумот во Молдавија за тоа дали да се промени уставот и да се заложи за влез во Европската унија покажа длабока поделеност во општеството.

Врз основа на 97 отсто преброени гласови, референдумот во Молдавија покажа целосна поделеност во општеството – 50,1 отсто рекле не за влез во ЕУ, а 49,9 отсто биле за.

Ваков резултат го очекуваа малкумина, бидејќи неколку неодамнешни истражувања предвидуваа непречена победа за пристапување во ЕУ.

Маја Санду, актуелниот про-ЕУ претседател на Молдавија, рече дека тесниот резултат е производ на „странското мешање“ во молдавската политика.

„Тоа беше безобразен напад врз демократијата“, рече таа, мислејќи на тврдењата дека Русија им плаќала на луѓето да гласаат на одреден начин, што Москва го негира.

Покрај референдумот за промена на Уставот, Молдавците гласаа и на претседателските избори во неделата.

Санду го освои мнозинството во првиот круг, но процентот на гласови беше помал од очекуваното – 41 процент.

Таа ќе треба да оди во вториот круг од изборите на 3 ноември, во кој се очекува противниците да се обединат околу нејзиниот противкандидат.

Санду ги обвини „криминалните групи“ за влијание врз изборите во соработка со „странски сили“ користејќи пари, лаги и пропаганда.

Санду исто така рече дека нејзината влада има „јасни докази“ дека биле купени 300.000 гласови, што таа го нарече „измама од невидени размери“.

Молдавија во моментов преговара за членство со ЕУ.

Овие пристапни преговори ќе продолжат и покрај неделниот исход, бидејќи референдумот не беше правно обврзувачки.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он