Рединг бара побрзо решавање на споровите околу реформата за заштита на личните податоци

Од:

Еврокомесарот за правосудство Вивиан Рединг денеска ги повика земјите-членки на ЕУ да го забрзаат темпо во реформирањето на европските правила за заштита на личните податоци.

– Државите треба веќе да се подготвени да постигнат согласност по дебатите кои траат 18 месеци. Јас сум многу трпелива и се обидувам да го решам секој проблем на секоја земја- членка, така што сите да можат да бидат задоволни, истакна Рединг на денешната средба во Луксембург со министрите за правда на земјите од ЕУ.

ЕУ бара да се рефрмираат правилата за заштита на личните податоци од 1995 година. Со реформата треба да се зголемат правата на граѓаните врз нивните лични податоци. Дебатите добија нов правец по шпионската програма на американската Агенција за национална безбедност и се уште постојат несогласувања околу деталите.

Според дипломати од Унијата, до крајот на годинава нема да биде постигнат напредок во врска со оваа реформа.

Би можело да ве интересира

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени