Речиси половина од Русите сметаат дека самоубијците одат во рајот

Од:

Колку и да звучи чудно, руското општество во принцип нема нагласено негативен став кон самоубијците, наведува московскиот весник „Утро“, повикувајќи се на резултатите од едно истражување на јавното мислење.

Според оваа анкета, 45 проценти од возрасните Руси и 22,5 отсто од тинејџерите сметаат дека душите на луѓето кои ќе извршат самоубиство по нивната смрт одат во рајот.

„Утро“ посочува дека самоубиствата се се поголем проблем за Русија, наведувајќи дека според статистичките податоци, годишно на сто илјади лица се извршуваат 21,6 самоубиства. Лани бројот на самоубиства во Русија е зголемен за 30 отсто во споредба со 2010 година, кога пак бројката на самоубијци била зголемена за десет отсто во однос на претходната година.

Податоците покажуваат дека мажите многу почесто се решаваат на самоубиство отколку жените. Така, само 30 отсто од сите самоубијци во Русија се жени.

– Како и во целиот свет повеќето од самоубијците се мажи на активна возраст исклучени од социјалните текови, наведува Елена Дозорцева од рускиот Државен научен центар за социјална и судска психијатрија „Владимир Серпски“.

Таа нагласува дека социјалните проблеми се главен фактор за одземање на животот, но дека како причини за самоубиства се појавува и баналната завист, односно непомирливоста со социјалната нееднаквост.

– Зависта е главна причина за самоубиства на тинејџерска возраст. Ако момче од соседството има појак компјутер или неговите му купиле појак автомобил, нема да биде ништо чудно ако тоа биде причина за одземање на животот на негов завидлилв врсник, додава Дозорцева.

„Утро“ потенцира дека самоубиствата се на првото место меѓу причинителите за смрт на здрави активни мажи во Русија, пред сообраќајните несреќи и убиствата.

Според московскиот Научно-истражувачки институт за психијатрија секој загинат маж значи неродени деца и загуба на работна сила. Ако немаше самоубиства нивото на депопулација на населението во Русија ќе беше пониско од очекуваните 15 проценти до 2030 година, оценува Институтот.

„Утро“ нагласува дека вкупните економски загуби на руската држава од самоубиство на еден маж изнесува пет милиони рубљи (126.520 евра), додека штетата од една жена-самоубиец е проценета на 800.000 рубљи (нешто над 20.000 евра).

Би можело да ве интересира

Руските трупи го гаѓаа Харков со балистичка ракета

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Москва: Принудувањето на Русија на мир во Украина ќе биде фатална грешка

Горан Наумовски

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Севернокорејските војници одат на линијата на фронтот во Русија

Горан Наумовски