Речиси 70 деца во Индија се лекуваат во болници по примање погрешна вакцина

Од:

Вкупно 67 деца од индиската држава Западен Бенгал до денеска се хоспитализирани откако им била дадена погрешна вакцина.

Наместо да бидат вакцинирани против полио, децата добиле вакцина против вирусот на хепатит Б. Грешката била откриена по повеќе од 100 имунизации.

Вакцината против детска парализа се прима преку устата, додека за хепатит Б се става интрамускулно со инекција и тоа повеќе пати.

Претседателката на државната Влада Мамата Банерџи нареди истрага за инцидентот. Четворица лекари времено се отстранети од работа. Разбеснети родители се обидоа физички да се пресметаат со портпаролот на локалното Министерство за здравство и побараа полициска истрага за инцидентот.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати